Најважни Свет

Багажот на Трамп во постпретседателскиот период

Бурен четиригодишен претседателски мадат со длабоки политички поделби, преживеани два импичменти и погребани 400.000 Американци, ова е багажот на 74-годишниот Доналд Трамп, кој по темелната генералка ја напушти Белата куќа. Со хеликоптер заедно со Меланија одлетаа на Палм Бич, запишувајќи се во историјата како втор американски претседател кој како и Ендру Џонсон во 1869-тата, нема да присуствува на инаугурацијата на својот наследник. Неговото отсуство ќе има влијание на еден од најважните детали – предавањето на нуклеарниот куфер на новиот шеф на Белата куќа.

Ми беше голема чест, чест за цел живот. Тоа се најголемите луѓе на светот, најголемиот дом на светот, ние тоа го викаме дом. Имавме неверојатни четири години, постигнавме многу. Го сакаме Американскиот народ и тоа беше нешто навистина посебно и само сакаме да се збогуваме, но се надевам дека тоа не е долгорочно збогум и дека повторно ќе се видиме. Благодарам на сите, рече трамп.

Трамп одлучи да го помилува својот поранешен главен стратег Стив Банон, обвинет за заговор за измама преку донаторска каппања за ѕидот на границата со Мексико, како и други 142-ца свои соработници.

Синоќа по пристигнувањето во Вашингтон, Бајден оддаде почит на 400.000 починати Американци од коронавирусот изминативе 12 месеци. Преодниот тим на Џо Бајден бил во контакт со соработниците на Трамп, но не се познати детали за тоа што разговарале и за што се договориле. Eнтониј Блинкен, номиниран за државен секретар истакна дека новата администрација мора да му ја врати моќта на Конгресот.

И избраниот претседател и јас верувам дека мора да ја вратиме традиционалната улога на Конгресот како партнер во креирањето на нашата надворешна политика. Во последниве години низ администрациите на обете партии, гласот на Конгресот во надворешната политика беше намален и намален. Тоа не направете ја извршната власт посилна. Ја прави нашата земја послаба, изјави Ентони Блинкен, идниот државен секретар.

НАТО и Европската унија се радуваат на идната соработка со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на врските со САД. Германскиот претседател рече големо е олеснувањето што денеска Џо Бајден се вселува во Белата куќа.

Денеска е добар ден за демократијата. САД се соочија со огромен предизвик но, издржаа наспроти обидите да се разбие американското институционално ткиво, изборните работници и гувернерите, судството и Конгресот покажаа дека се силни, порача германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер.

Бајден го очекуваат низа проблеми на границата со Мексико демонтрантите од рано утрово бараат итно спроведување на имиграциските реформи.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Касами: За промените на министри потребен е политички договор

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе