Без литии и традиционално фрлање на Светиот Крст во реките или градските базени низ државата оваа година.
Охриѓани верни на традицијата индивидуално го одбележаа Богојаваленското осветување на водите, светиот крст го положија во црковниот казан, го фати Никола Чорбевски а најхрабрите се фрлија во охридското езеро.
Македонската Православна црква се огради од масовните собири заради одговорност кон јавното здравје и почитување на епидемиолошките здравствени мерки.
Полицијата зимешна мешу присутните го следеше групирањето ан граѓаните кои, пак, велат дека ги почитувале мерктие на претпазливост.
Ако крстовите остана во црквите, граѓаните ширум земјата индивидуално или во помали групи доследно на традицијата влегоа во најблиските води да се искпат според празничниот ритуал.
Водици се празнуваше во сенка на пандемијата, но под будното око на полицијата. Казни од полицијата нема нема ниту за капачите, ниту за оние кои изутринава ги посетија православните храмови за да присустуваат на црковните литургии одржани од свештаните лица на МПЦ.
Светиот Крст не се фрлал неколку години по Втората светска војна, а традиција било тоа да се прави во црквите, каде што во сите има мали базени. Незадоволстовто од нерпазнувањето на Водици охриѓани го изразија преку транспаренти во делови на градот со порака дека и за време на коминистичкото управување немало ограничувања во празнувањето.
Павле Беловски