Македонија Топ вести

Вучиќ за помошта за Македонија: На соседите треба да им се помогне кога е тешко

Србија започна со масовна имунизација на населението а властите ги повикаа граѓаните да се вакцинираат против Ковид 19. По состанокот на државниот врв со оперативниот тим за имунизација, претседателот на државата, Александар Вучиќ оцени дека сега е најважно српските граѓани да разберат колку е ова важно за државата, која на овој начин ја менува својата иднина, бидејќи вакцината е живот и спас. Според српските власти, досега за вакцинирање се пријавиле повеќе од 350 илјади луѓе, од кои 67% се постари од 50 години.

Вучиќ изјави дека 10-те најбогати земји во светот купиле дури 95% од вакцините кои се присутни на пазарот и затоа Србија сега може да влезе во масовна вакцинација, откако добила поголемо количество од Кинеската вакцина на Синофарм. Според српскиот претседател, се што е над 10 000 вакцинирани на дневно ниво, а проценките се и до 30 000 луѓе дневно и би било одличен резултат. На соседите треба да им се помогне кога е тешко, истакна Вучиќ, коментирајќи ја помошта со вакцините на Фајзер кои неговата влада најави дека ќе и ги додели на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе