Вести Најважни Свет

Западен Балкан ќе почека уште неколку недели за вакцините од ЕУ

Европската унија има доволно пари за да им помогне на земјите од Западен Балкан да добијат вакцини, но проблемот е што засега производителот Фајзер нема доволно количини ниту за земјите членки. Западен Балкан ќе треба да почека уште неколку недели, велат од ЕУ.

Парите се достапни за помош, ситуацијата во која се наоѓаме сега ќе бара уште неколку недели трпение, повеќе од парите проблемот е во количината на достапни вакцини. Дури и со пари не може да се најдат доволно вакцини на пазарот, изјави потретседателот на ЕК, Маргаритас Схинас. 

Не се откриваат деталите за тоа која земја од Западен Балкан би била приоритет во снабдувањето, како и за тоа колку вакцини би се доставиле или до кој рок. Ова ќе се утврдува на самитот на лидерите в четврток.

Еден опиплив знак на солидарност би било да почнеме со вакцинација на специфични групи на западниот Балкан, како здравствените работници и социјалните работници, тоа би било симболичен и значаен гест од страна на ЕУ, вели Схинас. 

„Никој не е безбеден додека сите не се безбедни“ сметаат од ЕК, од каде инсистираат да се забрза вакцинацијата. Се предлага до месец март земјите членки да вакцинираат 80 отсто од населението над 80 годишна возраст и барем 80 отсто од здравствените работници. До ова лето, земјите членки треба да имаат вакцинирано најмалку 70 отсто од возрасното население доколку сакаат да се излезе од кризата што поскоро. ЕК меѓудругото го подготвува и теренот за ковид пасоши. Се разгледува грчкиот предлог да се издаваат сертификати за вакцинација за патниците кои ќе ја примат вакцината. Целта е летово да се намали стресот врз туризмот и патниците да можат слободно да патуваат, без потребните карантини за влез во земјите. Иако предлогот само се разгледува, сепак предизвика вознемиреност во јавноста, бидејќи така вакцината би била задолжителна за оние кои ќе сакаат да патуваат во ЕУ блокот. Но, од Брисел смирруваат дека ваквите сертификати би се користеле само за медицински цели.

Мислам дека е малку прерано да се предвидува употреба на овие сертификати за други цели, освен за здравствена заштита. Но, можеме да видиме дека во иднина може да се применат и други прекугранични апликации за ваквите сертификати, изјави еврокомесарот за здравство Стела Киријакидес. 

Се уште се размислува за тоа како ќе изгледаат овие сертификати, но сигурно е дека ќе бидат и на хартија и во дигитална форма.

ЕУ има договори со шест производители на вакцината против ковид, кои треба да достават над две милијарди дози. Но, за употребата во блокот се одобрени само две вакцини – на Фајзер и Модерна, што е доволно за вакцинација на повеќе од 80% од популацијата во унијата.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе