Македонија Најважни

Обвинение за верижната сообраќајка на автопатот Велес – Скопје

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата обвинети, на 16.01.2020 година околу 9:15 часот, не се придржувале кон сообраќајните прописи и предизвикале верижна сообраќајна несреќа со која го довеле во опасност животот и телото на други луѓе. Првиот обвинет управувал патнички автомобил на автопатот „Пријателство“, делница Велес-Скопје. Кај местото викано Пуста Кула, после наплатната рампа Отовица, не ја приспособил брзината на движење на возилото кон својствата и состојбата на патот – видливоста, прегледноста и атмосферските услови. Во услови на намалена видливост поради густа магла и замрзнат и лизгав коловоз, непочитувајќи ги сообраќајните знаци, автомобилот го управувал со брзина од 105 километри на час. Како резултат на тоа изгубил контрола врз возилото и застранил десно, па го завртел воланот на лево, што предизвикало излизгување на автомобилот, со кој најпрвин удрл во бетонската ограда од вијадуктот, а потоа и во заштитната метална ограда. Се запрел во попречна положба во однос на правецот на движење на автомобилите, зафаќајќи го поголемиот дел од левата и еден дел од десната сообраќајна лента.

Вториот обвинет, пак, управувал со товарно моторно возило со 0,16 промили алкохол во организмот. Кога пристигнал на местото на кое бил извртен патничкиот автомобил, наместо да го запре товарното возило на посебната лента за принудно запирање, тој го застанал на десната сообраќајна лента, со што целосно го попречил движењето по автопатот. Притоа не презел никакви мерки за отстранување на опасноста или предупредување на останатите учесници во сообраќајот.

Како резултат на ова однесување на двајцата обвинети, настанала верижна сообраќајна несреќа во која учествувале уште еден влекач и четири патнички автомобили. Во несреќата, една патничка го загуби животот, а неколкумина беа повредени.​​

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе