Македонија Најважни

Специјалниот пратеник за Бугарија Владо Бучковски денеска во Софија

Специјалниот пратеник на Република Македонија за Бугарија Владо Бучковски денеска ќе пристигне во Софија на разговори со бугарскиот политички врв.

Посетата ќе трае неколку дена, а тој последен пат беше во Софија на почетокот на декември, кога имаше средби со министерот за надворешни работи Екатерина Захариева, премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Според бугарските медиуми, целта на посетата на Бучковски е враќање на довербата меѓу двете земји и спроведување на Договорот за соседство и пријателство, кој беше потпишан на 1 август 2017 година.

Владо Бучковски беше назначен за специјален пратеник на македонската влада во Бугарија на почетокот на декември 2020 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе