Вести Македонија Топ вести

Здравствените работници пожртвувани и за новогодишната ноќ

Во просторите на службата за Итна Помош во битолскиот Здравствен дом,   има  новогодишен амбинет, но и работна атмосфера. Дежурните екипи се подготвуваат да одговорат на повикот на пациент позитивен на КОВИД-19, кому му се влошила здравствената состојба.

-Брза помош повелете…значи има висока температира и отежнато дишење, веднаш ќе дојде екипата, одговра диспечерот.

-Во Брусничката населба кај продавницата, втор степен  на итност, со висока температура и отежнато дишење, пренсеува   медицинската сестра на дежурната екипа

-Сестра веднаш извести го возачот, дава инструкции дежурниот лекар.

Екипата со комплетна заштитна опрема заминува на терен.

-Ако е потребно, даваме симптоматска терапија. Ако пациентот е  во добра сосотојба, го оставаме и заминуваме. Но,  ако е влошена сосотојбата,  го транспортираме до КОВИД центарот, вели д-р Васе Николовска, лекар во Итната помош во Битола.

Во текот на оваа година  во Итната помош во Битола имало 27 илјади повици, или во просек телефонот ѕвони на секои петнаесетина минути.  Дежурните екипи интевенираат на терен по  20 пати во едно деноноќие, што е за 25 проценти повеќе од претходните години.

-Ако минатата година имало 5500 теренски интервенции и транспорти, годинава до денеска имаме 7500 илјади, вели д-р Зоран Трајковски, раководител на службата за Итна помош во Здравстениот дом во Битола.

Лекарите од Итната помош велат дека во изминатите години за новогодишната ноќ намногубројни биле повиците на  пациенти со хронични заболувања. Но, овој 31 декември различен  од сите претходни. Над 500 активни ковид случаи во Битола, без организиран дочек на плоштадите, затворени угостителски објекти, забрана за групирање… Се надеваат дека граѓните ќе ги почитуваат мерките.

-Бројот на пациенти во алкохолизирана сосотојба од година во година се намалува. Се повеќе се вообичаени дијагнози-висок крвен притисок, стегање во градите, астматични напади, а 31 за дочекот, е ден кога луѓето се прејадуваат, вели Николовска.

На располагање на граѓаните од трите општини Битола, Могила и Новаци се вкупно 16 тимови кои ротираат во смени. Има 4  комплетно опремени возила  и 2 транспортни,    а од 2018 рунираниот објект  е целсоно реновиран.

-Условиете не беа пријатни за работење, со руинирани простории, руинирани санитарни јазли.  Се презеде темелна реконструкција и тоа се направи за неколку месеци, вели д-р. Трајковски.

Една од екипите веќе се враќа од терен  и се  подготвува  за следен повик.  За дежурните тимови во Итната помош  новогодишната ноќ е една од најстресните. И во ова деноноќие  остануваат  на своите работни места, подготвени да одговорат на секој повик.

Емилија Мисирлиевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе