Вести Македонија Најважни

Во пресрет на Новата година, граѓаните се подготвија за домашниот дочек

Редици пред маркетите, месарниците и  банките граѓаните ги прават и последните подготовки во пресрет на Новогодишната ноќ. Сепак за многумина годината која изминува беше навистина тешка доколку се има предвид состојбата со Корона вирусот, кој сосема го промени начинот на живот. Велат дека новогодишната ноќ ќе ја дочекаат во кругот на семејството.

За пазарџиите годинава сепак во многу нешта се разликува. Ги нема вообичаените турканици на граѓаните, бидејќи пандемијата со Ковид 19 во голем дел се одрази и на нивната работа.

Велат дека во голем дел ги нема и младите луѓе кои најчесто знаат во последен миг да направат подготовки за оваа ноќ.

Сепак многумина во едно се согласни се надеваат дека Новата година би требало да донесе подобри времиња, сите лоши нешта да ги оставиме во старата. Во „новата нормалност“ што поскоро да можеме да ги прегрнеме сите кои ни недостасуваат. Доколку сме заборавиле да се радуваме на малите наште доволно е да ги погледнеме детските лица и нивната возбуда во пресрет на Новата година.

 

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе