Македонија Најважни

Борисов до Заев: Секогаш сме подготвени да им помогнеме на најблиските соседи и пријатели

Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за подготвеноста да им помогнеме, обезбедувајќи вакцини против КОВИД-19, објави изутринава на својот фејсбук профил бугарскиот премиер Бојко Борисов

– Ситуацијата е навистина тешка и треба да се поддржуваме и да сме солидарни. Секој живот е важен и ние ќе вложиме максимални напори да го зачуваме, наведува Борисов.

Пораката од Борисов следува по благодарноста што синоќа преку фејсбук ја упати македонскиот премиер Зоран Заев до неговиот бугарски колега и Владата во Софија за одлуката дел од своите вакцини против КОВИД-19 да и донираат на РС Македонија.

– После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија. Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет, напиша Заев на ФБ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аерозагадувањето пред Комисијата за здравство – експертите со низа предлози

Дејан Дејан

Имаат девет пратеници, го чекаат 10-от – официјализирана пратеничката група на „Вреди“

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Мислам дека знам кого ќе предложам за гувернер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе