Вести Македонија

Нови 6.000 домаќинства под социјален ризик, ако пандемијата продолжи и наредната година

Ако пандемијата продолжи и наредната година, се очекува нови 6.000 домаќинства да влезат во системот за социјална заштита, предупреди министерката за труд Јагода Шахпаска.

Од почетокот на пандемијата досега пак бројот на домаќинства со гарантиран минимален доход пораснал за 5.500 нови.

Системот покажал повеќе слабости во справувањето со последиците од пандемијата, беше потенцирано на конференцијата „Социо-економското влијание на Ковид-19 во  Македонија – научени лекции и препораки за успешна и одржлива обнова” во организација на Агенциите на ОН и Фајненс Тинк.

Апелираа дека се потребни итни реформи, кои треба да почнат од јавната администрација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе