Ковид19 Македонија Најважни

За едно деноноќие 30 нови пациенти во ковид центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени шест нови болни, а на Очната клиника двајца.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани девет болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 20 пациенти, а на ОРЛ 24 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.

Вкупно 497 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Повредените во пожарот во Пулс и нивните семејства молат за помош од државата, власта купува време

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе