66 возачи кои биле под „гас“ викендов ги возеле своите автомобили и покрај законските забрани за безбедност во сообраќајот со што се забранува возење пдо дејство на алкохол. Најмногу пијаници зад воланот се откриени во Битола- 21, покажува полицискиот билтен.
Во саботата пак на Свети Никола, во Штип, Кавадарци, Велес и Неготино имало сообраќајни контроли каде се најдени ушѕе 27-мина возачи под дејство на алкохол. Контрола е вршена и во Илинден исто за време на славењето на верскиот празник, кога се откриени уште 18 пијани учесници во сообраќајот.
Во продолжение извадоците од полицискиот билтен за сообраќајните контроли и за бројот на пијани возачи:
За време на викендот, полициски службеници на подрачјето на СВР Битола извршиле контрола на возачите за управување возило под дејство на алкохол, пречекорување на брзина, престигнување, техничка исправност на возилата, користење на мобилен телефон, сигурносен појас, поседување на возачка дозвола.
Притоа, констатирано е дека 21 возач управувале возило под дејство на алкохол и биле отстранети од сообраќај, 43 возачи управувале без возачка дозвола, 17 возила биле нерегистрирани и на мобилен телефон разговарале седум возачи. За сите неправилности издадени се соодветни казни.
На 19.12.2020 во времето од 16.00 до 22.00 часот СВР Штип, спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај 14 возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и 39 останати прекршоци.
На 19.12.2020 од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се регистрирани 13 прекршоци, од кои четири во Велес, четири во Кавадарци и пет во Неготино. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Општина Илиден изречени се вкупно 136 мерки, од кои 27 за возење без возачка дозвола, 18 мерки за возење под дејство на
алкохол, 15 за нерегистрирани возила, 5 санкции за користење на мобилен телефон. За неносење на заштитна маска изречени се 5 санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и
прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.