Буџетот 2021 отвори можност за политички натпревар: кој повеќе направил, кој повеќе манипулирал со граѓаните, кој имал поголеми непродуктивни трошоци, а кој бил поголем патриот.Партиите на албанците целосно им го отстапија собранискиот простор на двете најголеми пратенички групи.
Критиките на политиките на сегашната односно на поранешната власт се проширија до Небрегово.
Ваквата комуникација се чини го подобри расположението во салата. Барем за момент, смеа наместо меѓусебни навреди.
Ова е последниот ден од буџетската расправа. Буџетот за наредната година, тежок над четири милијарди евра, треба да обезбеди заздравување на економијата, заштита на здравјето, кратење на неприоритетните трошоци и подобра реализација на капиталните расходи.
Соња Николовска