Македонија Најважни

Архитектите ќе ја спасуваат шалтер салата во изгорената пошта

Телма во изгорената пошта. 8 години после на отворено и уништено. Архитектите ќе ја спасуваат шалтер салата, а Пошти повторно со загуба од над милион евра поради короната и пропаста на  еуростандард. Тонски јани ако треба нешто.

Некогашниот пулт каде се пишувале честитки и писма, сега личи на жардињера. Покрај неа симпатична ливада, но на погрешно место- над отворено небо. Некогаш престижното архитектонско дело- шалтер салата 8 години по пожарот кој ја опустоши стои празна и нереновирана. На  местата на вредните мурали, црни дупки, а бескорисен е и изгорен сефот во поштенската централа. Сето тоа уметничко богатство изгоре во јануари 2013-та изгоре поради фрлен отпушок во канцеларија, а и ден денес е руинирано и прави проблеми и на вработените во канцелариите на вработените, објанува новиот директор на пошти.

Ова е едно од ретките преостанати жолти поштенски сандачиња низ целата држава. Пад во прометот низ години, голема загуба, големи проблеми, кражби. Има случаи кога иако вработени се отпуштани поради кражба или злоупотреба, судот по тужби ги враќа на работа. Пошта и 2020-тата ќе ја заврши со загуба над милион евра и планови да се намали со поактивна улога на електронскиот пазар кој доживува бум поради короната, ама не и во Пошти.

Загубарот ќе се продава, а се уште се подготвуваат студиите како тоа да се изведе. Во меѓувреме беше распишан оглас за вработување, не на нови туку на поштари кои работат секојдневно и во корона-време, а без платено здравствено осигурување.

Поштата пред продажбата ја чека обид за стабилизација, а новиот директор вели дека кај вработените постои мотивираност поради новите активности меѓу кои и бесплатните новогодишни честитки. Но старите проблеми со долгови, ненаплатени побарувања остануваат во финаниските и ревизорските извештаи, а онаа највредното останува уништено и необновено.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Македонија во чест на Св. Кирил“ – Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан

Дејан Дејан

Почеток на нова ера во односите со Македонија – британската Амбасада за договорот на партнерство меѓу Лондон и Скопје

Дејан Дејан

Институтот за јавно здравје ги потврди првите случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе