Четири силни експлозии одекна денеска, нешто пред 14 часот на воениот полигон Криволак, а густ црн чад се издигна висок кон небото, што беше потврда дека успешно се уништени 1600 гранати, кои се дел од 12.600 пронајдени изминатиот месец под Тумбе кафе во Битола. Детонациите се слушаа на една минута, така што уништувањето зарши за само 4 минути. Но претходно многубројна екипа го подготви теренот, во фугаси, или ископани дупки беа поставени по 400 гранати заедно со експлозив и покриени со земја, по што се активира експлозивот
Пред да започне уништувањето, медиумите имаа можноста да ја видат подготовката, а потоа на безбедно место се следеше целата процедура.
Вчера со армиски камиони и силно обезбедување гранатите беа транспортирани од магацинот во старата касарна во Битол каде се складираа, до полигонот Криволак. Првите парчиња од овие неексплодирани средства заостанти од Првата светска војна беа пронајдени кон крајот на октомври, по што цел месец пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување ги извлекуваа од локацијата во близна на стадионот под Тумбе кафе.
Инаку артилериските гранати пронајдени во Битола се уништуваат во неколку фази. Со аналзиа направена од екперти на Штипскиот универизтет, а на барање на министерството за одбрана, е потрвдено дека на овојначин нема да се загадува животната средна. До сега се уништени 3.200 парчиња, до крајот на овој месец ќе има уште две акции, а останатите ќе се уништуваат кон крајот на јануари.
Емилија Мисирлијевски