Македонија

Ѓоргиев за ДВ: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници

Би бил задоволен ако работата на Комисијата резултира со нови учебници по историја, не затоа што тоа го бара Бугарија, туку затоа што навистина има потреба од нивно подобрување, вели Ѓоргиев вели Драги Ѓоргиев, претседателот на македонскиот тим во заедничката Комисија, во интервју за Дојче веле – Програма на македонски јазик. Одговарајќи на обвинувањата од неговиот бугарски колега, со-претседавачот на комисијата, Ангел Димитров, кој обвини дека македонските членови на Комисијата не го прифаќаат билатералниот Договор, односно дека се прават „опструкции и замена на тези” и отфрлање на дефиницијата „заедничка историја“, Ѓоргиев одговара дека станува збор за неоправдано постапување, кое веќе подолго време е практика. „За жал веќе подолго време обвинувањата се дел од секоја изјава на нашите бугарски колеги и тоа веќе прераснува во една практика која континуирано ја нарушува меѓусебната доверба. Доколку не се постигне прогрес во работата вината целосно се префрла на македонската страна, што само покажува еден исклучив пристап со однапред определена цел: наметнување на еден наратив врз друг. Притоа отсуствува пристап во согласност со позитивните европски искуства, кој ќе овозможи рамноправна дискусија со обид да се разбере соговорникот од другата страна. За жал синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор, се претвори во една главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Се разбира, таквото толкување е неодржливо и неприфатливо, и затоа е потребна отворена дискусија со цел да се разјасни нејзиното толкување и значење. Нејзиното разбирање и толкување не може да биде надвор од рамките на современите пристапи за проучувањето на минатото“, вели Ѓоргиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе