Вести Македонија Најважни

„Погрешно толкување на историјата“ на која инсистира Бугарија, сепак дел од заклучоците на ЕУ

„ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА“ е дел од реченицата која ставена во последната нацрт верзија во заклучоците за Македонија. Во последниот нацрт на текстот, до кој дојде Телма, а кој им е даден вчера на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, кои попладнево заседаваат, реченицата за „погрешно толкување на историјата“ сепак се наоѓа во делот кој се однесува за целиот регион на Западен Балкан, а не во делот посветен за Македонија.

Поточно се наоѓа во точка осум која се занимава со регионалното помирување, наследството од југословенските војни и Хашкиот Трибунал. Но, на крајот од овој параграф се вели:

Советот нагласува дека во ЕУ нема место за распалувачка реторика и глорификација на воените злосторници од која било страна. Изјавите кои негативно влијаат на добрососедските односи и мирното решавање на споровите мора да се избегнуваат. Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за Пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата.

За познавачите, реченицата погрешно толкување на историјата е ставена во делот за добрососедство во регионот, но истата е отворена за интерпретација од страна на Бугарија

Прашањето со Бугарија ќе остане отворено, смета Кацарска, иако со ова им се дава аргумент дел од заклучоците да го прогласат како своја победа. Но, и покрај тоа, евроинтегративниот процес за Македонија би се забавил.

Бугарија продолжува со блокадите. Употребата на „македонски јазик“ е проблемот се уште да не се потпише договорот за Фронтекс меѓу Македонија и ЕУ, со кој ќе се овозможи европска погранична контрола на мигрантите. Бугарија, како земја членка не го става својот потпис на овој договор кој е инициран пред двеипол години. Но, до денешен останува непотпишан.

Во верзијата на заклучоците кои овојпат го користат само долгото име, Република Северна Македонија, како што бара Бугарија, државава добива позитивни оценки за ЕУ реформската агенда, за добро спроведените избори, прогресот во делот на спроведување на правото и судството, а во делот за јавната администрација треба да се преземат чекори за таа да биде потранспарентна.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе