Македонија

Чешка сака компромис за старт на преговорите на ЕУ со Македонија

Чешка сака компромис по прашањето на стартот на преговорите на Европската унија со Македонија и според неа неносењето одлука за старт на преговорите од страна на Европскиот совет минатата недела, е многу непријатен неуспех. Ова денеска го соопшти чешкиот министер за надворешни работи, Томаш Петричек, според кого одржувањето на меѓувладината конференција многу ќе зависи од  утрешниот исход на состаноот на амбасадорско ниво на земјите-членки.

„Чешката Република многу ги поддржува напорите на претседателството на Германија во тоа да се постигне спогодба и Бугарија да се откаже, на некој начин, од своите барања и да се стигне до компромис. Се надевам дека меѓувладината конференција би можела да започне наредната година, но навистина тоа ќе зависи од утрешната дискусија“, изјави Томаш Петричек, министер за надвошрени работи на Чешката република.

Според Петричек прашањата за националниот идентитет се многу битни и тешки. Притоа тој потсети на чешко-германското искуство околу решавањето на болните историски прашања, при што рече дека тоа било надминато со помош на историчарите и граѓанскиот сектор и понуди споделување на чешкото искуство со македонските и бугарските колеги.

Првиот човек на македонската дипломатија, Бујар Османи пред утрешната расправа на  амбасадорско ниво за заклучоците на ЕУ околу процесот на проширување, од своја страна изрази надеж дека нема да дојде до билатерализација на овој процес. Притоа рече дека е тоа принципиелен став на 26-земји членки и тоа не само во контекст на Македонија, туку и за целиот преговарачки процес.

„Европскиот процес не треба да биде заложник на билатерланите прашања, ниту на Северна Македонија, ниту на која било друга земја од Западен Балкан. Особено билатерланите прашања кои се веќе ставени во рамка, се ставени во договор, како што е тој за добрососедски односи со Република Бугарија. Притоа Република Северна Македонија не бега од одговорностите кои ги има преземено сод Договорот, но сметаме дека двата процеса може да се одвиваат паралелно, еден покрај друг“, изјави Османи.

Османи притоа посочи дека од динамиката на пристапниот процес на земјава зависи и спроведувањето на Преспанскиот договор, но и на Договорот со Бугарија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Повредените во пожарот во Пулс и нивните семејства молат за помош од државата, власта купува време

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе