Со 860 смртни случаи на милион жители , или 1792 вкупно откако е почната пандемијата Македонија е на високото 8 место во светот по смртноста од ковид – 19. Само минатата недела според извештајот на ИЈЗ , од корона починаа 206 луѓе . Тоа е помалку од пред две недели но само за еден процент. Со овие бројки , сме пред САД каде што има повеќе од 14 милиони заразени. Пред нас, пак, се Шпанија, Италија и Белгија – земји во кои короната коси уште од март.
Скопје води на листата со најмногу смртни случаи, но има и најголем број на заболени, а воедно и жители во земјата. Во метрополата како што покажуваат податоците починати се повеќе од 500 луѓе. Од 31 град каде вирусот одземал животи главниот град е најдолу на листата по смртност со 2 проценти, а под него се наоѓаат и градовите Виница, Свети Николе, Неготино, како и Пробиштип. Најфатално во Крушево . Таму стапката на смртност е скоро 7 проценти, или трипати повеќе од просекот во Македонија. Ноември е најсмртоносен месец откако почна пандемијата , а најмогу починати за еден ден имаше на 28 ноември – дури 41.
По осум месеци пандемија на ковид – 19 Владата одлучи сега да дозволи починатите лица кои биле позитивни на коронавирусот да не се погребуваат во затворен лимен сандак.
Досега за скапите погреби на корона пациенти имаше многу поплаки и реакции од семејставта на починатите. Кога им се бараа и повеќе од 500 евра за да по посебни протоколи ги погребаат блиските. Дали имало лпрекршувања и зошто семејствата кои имаа смртни случаи се изложуваа на толкави трошоци за сандаците а сега препораките се менуваат, јавноста не доби конкретен одговор. Она пак , што не е променето е процентот на позиитивни од тестирани – и неделава тој процент е 35, или тоа значи дека секој трет кој отишол да се тестира е позитивен на вирусот. Најпогодени и понатаму луѓето над 60 години, а најмалку се децата до 9 годишна возраст. Сепак дури 99 деца сминатата недела се инфицирале со корона.
Теодора Цветковска