Вести Македонија Најважни

Македонија на 8 место во светот по смртност од корона вирусот

Со 860 смртни случаи на милион жители , или 1792 вкупно откако е почната пандемијата Македонија е на високото 8 место во светот по смртноста од ковид – 19. Само минатата недела според извештајот на ИЈЗ , од корона починаа 206 луѓе . Тоа е помалку од пред две недели но само за еден процент. Со овие бројки , сме пред САД  каде што има повеќе од 14 милиони заразени. Пред нас, пак, се Шпанија, Италија и Белгија – земји во кои короната коси уште од март.

Скопје води на листата со најмногу смртни случаи, но има и најголем број на заболени, а воедно и жители во земјата. Во метрополата како што покажуваат податоците починати се повеќе од 500 луѓе.  Од 31 град каде вирусот одземал животи главниот град е најдолу на листата по смртност со 2 проценти, а под него се наоѓаат и градовите Виница, Свети Николе, Неготино, како и Пробиштип. Најфатално во Крушево . Таму стапката на смртност е скоро 7 проценти, или трипати повеќе од просекот во Македонија. Ноември е најсмртоносен месец откако почна пандемијата , а најмогу починати за еден ден имаше на 28 ноември – дури 41.

По осум месеци пандемија на ковид – 19 Владата одлучи сега да дозволи починатите лица кои биле позитивни на коронавирусот да не се погребуваат во затворен лимен сандак.

Досега за скапите погреби на корона пациенти имаше многу поплаки и реакции од семејставта на починатите. Кога им се бараа и повеќе од 500 евра за да по посебни протоколи ги погребаат блиските. Дали имало лпрекршувања и зошто семејствата кои имаа смртни случаи се изложуваа на толкави трошоци за сандаците а сега препораките се менуваат, јавноста не доби конкретен одговор. Она пак , што не е променето е процентот на позиитивни од тестирани – и неделава тој процент е 35, или тоа значи дека секој трет кој отишол да се тестира е позитивен на вирусот. Најпогодени и понатаму луѓето над 60 години, а најмалку се децата до 9 годишна возраст. Сепак дури 99 деца сминатата недела се инфицирале со корона.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе