Вести Македонија

„Забрането е онлајн појавување на пратеници без црвено велигденско јајце“ – еден од 3.000 амандмани поднесени од опозицијата

Од Левица доаѓаат и други слични амандмани: пратениците да не носат обележја на салони за педикир и маникир.

Амандманите на опозицијата се реакција на безобразното и арогантното однесување на власта кон Собранието, во ситуација кога предлага измени на Деловник без консултации со партиите, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија очекува консултации за сите позначајни законски проекти, вклучувајќи го и предлогот за продолжување на кризната состојба на цела територија за шест месеци. А блокадата на закони со амандмани, во светот позната како филибастеринг, е применета и на Законот за здравствена заштита. Поради 500 до 600 амандмани на предлогот – задолжителното пензионирање на 64 години да не важи за лекарите, претресот во матичната Комисија за здравство не можеше да почне.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќајна недисциплина – 1.363 платни налози во еден викенд, 183 возачи „фатени“ без дозвола, 67 со алкохол зад волан

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Дејан Дејан

Му отишол дома и се заканувал – обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе