Вести Македонија

Шилегов: Спомениците од Скопје 2014 може да ги однесеме во депонијата во Ѓорче Петров

Шилегов не се откажува од идејата за дислокација на спомениците од Скопје 2014. Откако  отстрани само еден споменик –  тој на  Ќосето, заглави во бирократија со Галиите на Вардар сега има нова идеја. Спомениците од Скопје 2014 да ги смести на депонијата во Ѓорче Петров. Замислата е таму да создаде мементо парк по примерот на Унгарија. А намерата е и ние да расчистиме, со оставштината како што рече од нашиот мал диктатор.

Мене на пример ми се допаѓа идејата дека можеби онаму каде што ја исчистивме дивата депонија во Ѓорче може да направиме мементо парк, да ги дислоцираме сите статуи од Скопје 2014, таму. На пример тоа нешто Унгарија го има направено, сите статуи на Сталин ги имаат лоцирано, или обележја на комунизмот ги имаат ставено во еден мементо парк. Зошто да не го направиме и ние со оставштината од нашиот мал диктатор.- рече Шилегов.

Но, бидејќи сме поделено општество вели дислокацијата не треба да биде брутална, за никој да не биде навреден. Да не се повредат чувствата на оние граѓани кои сакаат да нив да ги гледаат спомениците.

Шилегов кажа дека, отстранувањето на галиите заглави во правни лавиринти. А Град Скопје во моментов работи на решавање на проблемот со четирите споменици – донација од граѓанско здружение.

Па тие се знаете како има судски спор каде градот ни крив ни должен ќе биде вовлечен, тоа се донации примени од Градот од она здружението попадинци не знам веќе како беше кое што е тужено и кое што бидејќи не ги ни платило тие статуи а ги дало на Градот неплатени. Имаме прелиминарен разговор дали ќе може тие статуи да се дислоцираат и да се дадат на доверителот на тоа здружение, со цел градот да не биде предмет на тужба бидејќи примил поклон нешто што не било платено. Тоа се сепак правни прашања“- рече Шилегов.

Од целиот проект  пак „Скопје 2014“ кој сегашната власт жестоко го критикуваше кога беше опозиција отстранет  е само споменикот на Андон Јанев-Ќосето.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земени се мерки за компресивна облека за повредените од пожарот, ни никој не кажува колку ќе чини тоа и кој ќе плати

Дејан Дејан

СДСМ бара детали за британскиот заем пред да биде ратификуван договорот

Дејан Дејан

Проект нема, ќе се изгради ли брзо, брзата пруга?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе