Вести Македонија

Тетовчани не веруваат дека ќе се реконструираат главните сообраќајници

Тетовци не веруваат дека ќе се оствари долгоочекуваното пробивање на булеварот „Благоја Тоска“, една од главните сообраќајници во градот. Откако беше најавено дека реконструкцијата ќе се прави со владини пари, граѓаните велат дека досега не било исполнето ниту едно ветување, па се сомневаат во ова, но сепак, доколку се реализира овој потег многу ќе придонесе за растоварување на сообраќајниот метеж во градот.

Од опозицијата во Советот на општина Тетово, пак, велат дека локалната самоуправа е таа која што треба да обезбедува пари за капиталните проекти.

Средствата во износ од 29,5 милиони денари, кои ги обезбеди Владата за реконструкција на булеварот, се наменети само за само првата, од вкупно три фази од овој инфраструктурен зафат.

Инаку делот од булеварот „Благоја Тоска“ кој треба подложи на реконструкција, долго време претставува нелегален паркинг за возила. Истиот има многу дупки и нерамнини кои по секој дожд се полнат со вода.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папата Лав XIV ја започна својата понтификална служба со свечена миса во Ватикан

Дејан Дејан

Наскоро ќе биде објавена листата си нови лекови на сметка на фондот

Дејан Дејан

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе