Вработен во Паркинзи на Општина Центар фатен во кражба на службени пари од претпријатитето. Според информациите на Телма станува збор за вработен во секторот за сметководство. Тој со години не фактурирал уплати за годишни паркинг билети или ги продавал по пониска цена. Случајот бил откриен по дојава од граѓани а вработениот е суспендиран.
Од ПОЦ го потврдуваат случајот, велат дека ги известиле и полицијата и Обвинителството кои како и дека штетата е висока и допрва ќе се утврдува.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.