Македонија

Јовановски ја обвини судијката дека е одговорона за неговото влошено здравје

Со бастун в рака дотеран и придружуван од полицец Боки 13 се врати во суд, по подолга пауза поради здравствените проблеми, но за прв пат беше спроведен од дома откако пред три недели аплеација му го замени притворот во Шутка со домашен.

Во судницата веднаш побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремова која беше втор судија и во предметот „Рекет“. За Јовановски, тоа што веќе оформила мислење во првиот предмет е доказ дека ќе биде пристрасна,  но ја обвини и дека има одговорност за неговата здравствена сосотјба која можела да заврши и фатално, затоа што го држела во ефективен притвор.  Но атмосферата во судницата зовре кога Јовановски рече дека предметот е политички и покрај предупредувањата на судијката да се држи до причините поради кои бара изземање.

Постоеше тенденцијата за притворот. Ве информирам дека не подлегнав на ниеден притисок или уцена, иако бев жртва на уцена на политички вагабонти... Вие ме прекинувате штом се спомне политика бидејќи сте политички инструирана. Ова е политички предмет, рече Јовановски.

Судијката по ова му го одзема зборот затоа што се однесувал навредливо кон неа и му рече ако има и други причини да ги наведе во писмено барање за изземање, по кое ќе одлучува претседателот на кривичен.

И неговиот татко Миле Јовановски обвини за политичко влијание нарекувајки го судот „заевистички“.

А експратеничката Форисна Ременски, обвинета во овој предмет, рече ако се гледаат снимките од видонадзорот од нејзиниот дом ќе се докаже дека полицијата незаконски вршела претрес.

На денешното рочиште се изведува писмени докази на обвинителството.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе