Ковид19 Македонија

Дали имало пропусти при лекувањето на починатата пациентка од Берово ќе испитува и Лекарската комора

Дали имало пропусти при лекувањето? зошто тимот од медицински сестри не одговарал на повиците на 41 годишната беровачанка Руменка Довичинска, која на штипското Инфективно одделение починала на 14 ноември од компликации од коронавирусот? Oдговори на сите овие прашања и детали околу случајот треба да даде стручниот вонреден надзор на комисијата на Лекарската комора. Од кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче велат дека извештаите од штипската болница и од Државниот здравствен и санитарен инспекторат се добиени, а веќе утринава е побараен вонредниот стручен надзор.

Комисијата на Лекарската комора за колку време ќе го заврши овој случај според законот не е утврдено, но откако ќе го направи извештајот, во тој случај во рок од осум дена треба да го извести министерот за здравство.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Ирина Бухова за Телма вели дека од нивна страна инспекторот ја завршил својата работа.

И директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев потврдува  дека се што е побарано од нивна страна за случајот со починатата пациентка од Берово е доставено до институциите.

Уште еднаш би апелирал да престанат нападите на трудот на медицинските работници, во борбата со ова зло кое го покоси буквално целиот свет.Да ги почитуваме здравствените работници, да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи состојбата е и така  премногу тешка, вели во соопштението Ален Ѓеорѓијев – директор на КБ ШТИП.

Досега Министерството за здравство до Лекарската комора има испратено вкупно десет случаи за починати пациенти низ болниците во земјава, а денеска се пристиогнати уште два. Станува збор за починати пациенти во Струмица, Свети Николе, Битола, Тетово, Кавадарци и Ресен.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Постигната согласност за стратешки договор меѓу Македонија и Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе