Спорт Фудбал

Тричковски: Со две победи до прво место во групата

По пласманот на Европското првенство и историскиот триумф против Грузија, нема одмор за македонските фудбалски репрезентативци.

Веќе утре ги очекува дуелот против Естонија во претпоследното коло од Лигата на нации, а в среда следува гостувањето на Кипар каде ќе се соочиме со Ерменија.

Со две победи во овие дуели нашите репрезентативци имаат реални шанси да го освојат првото место во групата и во следното издание од ова натпреварување ќе настапуваме во Б лигата.

“Истрошени сме психички и физички, ама ќе дадеме сè од себе да победиме. Утре со Естонија, имаме должност и желба да се бориме и да докажеме дека нема да застанеме само со пласман на Европското првенство. Ако ги добиеме двата дуели би биле први, па императив за нас е да победиме и да се пласираме во Б лигата”, истакна Иван Тричковски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе