Јани Макрадули ќе биде член на управниот одбор на Пошта. Владата на денешната седница одлучи да му препорача на надзорниот одбор на Пошта, да го избере Макрадули за член на управниот одбор на претпријатието. Макрадули последно беше заменик-министер за екологија. Иљми Селами е именуван за в.д. Заменик на директорот во Заводот за статистика. Владата го разреши Јован Деспотовски од директорското место на Фондот за иновации и технолошки развој. Тој е разрешен на негово барање, а прифатена е и оставката на Александар Младеновски од местото директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.