Македонија Топ вести

Болниците за еден месец се преполнија со заболени од Ковид 19

Однадвор мирно, внатре полно. Роднините кои на пациентите им носат потребни работи ги предаваат преку амбулантата. На инфективна клиника според последните податоци утрово синоќа имало 150 пациенти. Полни се внатрешните катови, а полно е и во монтажната болница каде пациентите ги проветруваа собите со полуотворени прозорци.

Една амбулантна екипа се врати од интервенција, а тројцата членови на тимот беа со сите можни заштитни мерки, скафандери, маски и наочари. Иако тивко, внатре се води најтешката лекарска битка  со Ковид 19. А капацитетите се повеќе се растегнуваат и полнат.

Болниците за еден месец се преполнија со заболени од Ковид 19. Бројките кои секојдневно ги анализира ковид трекер, покажуваат дека на 5 октомври имало 379 пациенти на лекување, а вчера таа бројка е 2 и пол пати поголема и изнесува 959 пациенти.

Во проценти зголемувањето изнесува околу 180 одсто повеќе заболени на болничко лекување. На државно се лекуваат 873 заболени со ковид, додека во приватните болници, според статистиките на КОВИД трекер има уште 64-ца заболени од корона вирус.

Според податоците кои ги добивме од Министерството за здравство синоќа имало уште 49 слободни кревети за сместување на пациенти, а во градската болница 8-ми септември и во гостиварската болница е пријавено дека нема веќе слободни места.

Во ниту една болница нема повеќе од 8 слободни места, а оваа статистика се однесува на болниците кои ги пријавиле слободните кревети.

Поради тешката состојба со болничките капацитети на ковид центрите, утрово на клиниката на пулмологија министерот Филипче одржа средба со директорот и дел од медицинскиот персонал за да се потврди информацијата дека на интерните клиники во Скопје од денеска се на располагање 150 болнички кревети за Ковид 19 заболени.

Според здравство, лекарите се подготвени и за епидемијата и за редовните пациенти.

Соопштение на Министерство за здравство: Овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го наруши нормалното функционирање на сите овие клиники. Медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин“.

Есенскиот бран предизвика зголемено полнење на болниците, а за еден месец Ковид 19 донесе дополнителни 580 пациенти повеќе во болница отколку на почетокот на октомври.

Состојба во Ковид центри низ Македонија (одговор од МЗ):

  • КБ Тетово има капацитет за околу 40 кревети, таму се хоспитализирани 38 ковид пациенти.
  • КБ Битола 63 хоспитализирани ковид пациенти – слободни 8 болнички кревети.
  • КБ Штип 58 хоспитализирани ковид пацинети – 7 слободни кревети.
  • ГОБ 8 Септември – 79 хоспитализирани пациенти – нема слободни кревети.
  • Институт за белодробни заболувања кај деца Козле – адултни пациенти – 21; деца – 9; 5 слободни кревети
  • ОБ Велес – 53 пациенти, 1 слободен кревет
  • ОБ Куманово – 56 хоспитализирани ковид пациенти, 2 слободни кревети
  • ОБ Прилеп – 64 хоспитализирани, 4 слободни кревети
  • ОБ Охрид – 70 хоспитализирани, 1 слободен кревет
  • УК за гинекологија – 5 хоспитализирани ковид пациентки, 7 слободни кревети
  • ОБ Гостивар – 26 хосиптализирани ковид пациенти – нема слободен кревет
  • ОБ Струмица – 44 хоспитализирани ковид пациенти, 63 пациентис е лекуваат во дневната болница, нема податок за слободни кревети
  • ОБ Струга -12 хоспитализирани ковид пациенти, 1 слободен кревет
  • ОБ Кочани – 14 хоспитализирани ковид пациенти, 5 слободни кревети
  • ОБ Кавадарци – 42 хоспитализирани ковид пациенти, 8 слободни кревети
  • ОБ Кичево – 12 хоспитализирани ковид пациенти – нема податок за слободни кревети
  • ОБ Дебар – пациентите се третираат амбулантски
  • ОБПД Гевгелија – 9 хоспитализирани
  • Институт за туберкулозни заболувања (ТБЦ) – 48 хоспитализирани, нема податок за слободни кревети
  • КИБФС – 150 хоспитализирани

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе