Македонија

Јован Деспотовски е позитивен на Ковид-19

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски е позитивен на Ковид-19. Тој ова го откри на својот профил на „Фејсбук“.

„Вчера доцна вечерта добив позитивен тест на Ковид-19. Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски.

Благодарам за грижата на семејството, матичната лекарка, како и огромниот број пријатели кои се нудат за помош во овие моменти.

Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти“, напиша меѓудругото Деспотовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолското обвинителство бара продолжување на мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Дејан Дејан

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе