Свет

ОБСЕ препорача Белорусија да распише нови избори

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) препорача белоруските власти да ги поништат резултатите од претседателските избори на 9 август поради неправилности во сите фази на организирање и однесување.

Извештајот беше презентиран денесka на затворен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, јави агенцијата ТАСС.

Документот препорачува властите да организираат нови претседателски избори во согласност со меѓународните стандарди во изборниот процес.

Минск се повикува навремено да ги покани набљудувачите на ОБСЕ / ОДИХР, да обезбеди учество на членовите на јавноста во изборните комисии и да го усогласи гласачкото право со стандардите препорачани од ОБСЕ и ООН.

Во извештајот се наведува дека изборите во Белорусија имале очигледни недостатоци и не ги исполнувале нормите за следење на изборниот процес.

ОБСЕ тврди дека има убедливи докази дека претседателските избори на 9 август 2020 година биле наместени и дека безбедносните сили на земјата извршиле масовно и систематско кршење на човековите права како реакција на мирните протести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Канцеларот Мерц ја брани новата миграциска политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе