Свет

Еврокомесарката Јохансон пред францускиот Сенат побара протерување на повеќе странци со нерегуларен статус

Европските држави мораат да протераат повеќе странци кои имаат нерегуларен статус во нивните земји за да избегнат подгревање на растот на популизам, рече европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон пред францускиот Сенат.

Овие враќања ќе подразбираат зголемување на договорите со земјите од каде потекнуваат да ги враќаат своите државјани кои не живеат со регулиран статус во Европската унија (ЕУ), а во која минатата година илегално влегле 140.000 мигранти, нагласи Илва Јохансон.

-Потребни ни се повеќе договори за реадмисија со земјите на потекло кои функционираат подобро. (…) Европската комисија треба да ги искористи сите алатки со кои располага за да го постигне тоа, вклучувајќи  и условување на меѓународна помош, пазарни договори, визи , па дури и Еразмус, европската програма за образование, наведе таа.

„Причината поради која ставам голем акцент на враќањето е дека европските граѓани, ми се чини, се подготвени да ги пречекаат луѓето на кои им е потребна меѓународна заштита. Но, тие сакаат да направиме разлика меѓу оние кои имаат право да останат и кои мора да бидат интегрирани и оние кои немаат право да останат“, објасни европскиот комесар.

-Ако не можеме да бидеме поефикасни при враќањето, постои ризик од раст на популизмот и ризик да се изгуби поддршката од европските граѓани, изрази таа загриженост за време на прашањата-одговори скоро исклучиво посветени на ова прашање.

Има доста простор за подобрување по прашањето за оддалечување (протерување) во Европа, продолжи Јохансон, нагласувајќи дека просечната стапка на спроведување на одлуката за протерување е 30 отсто во Европа, но паѓа на 13,  14 отсто за Франција . Таа исто така ги критикуваше многу долгите процедури пред да биде донесена таквата одлука. Во меѓувреме, објасни таа, луѓето се интегрираат во општеството, се вљубуваат, почнуваат да работат и станува многу тешко да се извршат овие враќања, тоа е она што сакам да го избегнам“, нагласи таа пред сенаторите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Русија го изврши најголемиот напад со дронови врз Украина

Дејан Дејан

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе