Главниот град останува КОВИД жариште. Нови 261 заразени во последното деноноќие. Метрополата не изостанува и во црните статистики , само денеска 4 луѓе ја изгубија битката за живтот со вирусот – најмладиот пациент помеѓу починатите е 36 годишен пациент.
Во Скопје вкупно има 3320 активни случаи. А само во Карпош, Аеродром и Центар има и по неколку стотици позитивни на корона. Ваквиот скок на новозаболени во овие општини, од Институтот за јавно здравје велат дека е затоа што не се почитуваат мерките.
И Аеродромците кои зборуваа пред нашата камера со став дека маски треба да се носат секаде, дури и на отворено, а и дека ваквите бројки се поради гужвите и непочитување на мерките.
Веднаш зад Аеродром втор на листата е Карпош.
Таму бројот на позитивни на ковид надмина 500. Градоначаникот на општината, Богоев за Телма вели дека тие ќе се обратат и до Владата, комсиијата и кризиниот штаб , но и дека до сега два пати се обратиле и до МОН.
“Информиравме за капацитетите во основните училишта, кадар и простор (за продолжен престој), а побаравме и мислење за користење на салите и другите делови од училиштето” – изјави за Телма, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
Со бројките се доближува и Центар. Првиот човек на општината Богановиќ вели дека ваквата статистика е поради тоа што оваа е општина каде што секој ден има голема резиденција на луѓе
Инаку, во Скопје со двоцифрени бројки на ковид болни се и Кисела Вода, Ѓорче Петров и Бутел.
Теодора Цветковска