Македонија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје за враќање на цената на струјата

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организираше нов протест против поскапувањето на струјата за 7,42 отсто, барајќи враќање на старата цена и оставка на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и нејзиниот претседател Марко Бислимовски.

Протестот почна пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром од каде учесниците со возила во колони се упатија пред РКЕ во Центар.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека струјата поскапува во услови на економска криза наспроти многу европски земји каде што цената е намалена. Бислимовски и РКЕ, рече, треба да поднесат оставка или да бидат разрешени од Владата и да се именува професионална Регулаторна комисија.

Македонија плаќа највисока цена на струјата во Европа споредено со примањата коишто ги имаат односно што ги немаат македонските граѓани. Бараме час поскоро враќање на старата цена и разрешување на Марко Бислимовски како послушник на Зоран Заев и неговите министри. Заев го именувал, Заев да го смени. Ако не, Бислимовски да си поднесе оставка и целата Регулаторна комисија. Затоа што во оваа сиромаштија, отпуштања и економски колапс кој ни се случува, да се зголемува цената на струјата не е ништо друго освен економски терор врз стандардот на граѓаните на Македонија. Ова е важно за илјадници семејства во земјава и за економијата која во моментов е на колена, рече Ѓорчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коцевски: Истрагата за Кочани треба да заврши за 10-тина дена, распрашани се над 300 лица

Дејан Дејан

Давале терапија која им ја влошувала состојбата на пациентите болни од канцер – детали за обвиненијата против директорите и лекарите од клиниката за Онкологија

Дејан Дејан

Одземена документација, мобилни телефони, воздушна пушка без дозвола – МВР со претреси на осум локации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе