Македонија

За професионално перење пари, умните криминалци земаат по 30 одсто

Во сите обвиненија и предмети каде има перење пари Управата за финансиско разузнавање е вклучена со наоѓање информации, тврди директорот на Управата Блажо Трендафилов кој објаснува дека македонското разузнавање има пристап до Егмонт групата од 165 земји кои имаат брза размена на информации за сомнителни финансиски трансакции. Финансиското разузнавање има обезбедено информации и за СЈО за сметки во Кипар и даночни раеви каде биле сокривани пари од криминални активности во државата. Најпознатата заплена на Управата се парите во Монако добиени од продажба на Дијамед на шведска компанија за што сопствениците на парите тврдат дека се дел од шемата за рекет иако случајот се уште се истражува.

Кривично дело перење пари многу тешко се докажува особено за професионални чистачи на криминално стекнати пари.

Управата има уште многу за учење, но и за екипирање, а тоа ќе го добие со проектот на Демокрацилаб финансисан од Холандија. Една од лекциите што ќе ја добијат е како да се спречи злоупотреба на крипто валути, а лекции како против перење пари ќе има и за бизнис заедницата.

Според директорот, македонското финансиско разузнавање е најдобро рангирано во регионот за борбата против перење пари, а напредокот е постигнат последните 3 години.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Повредените во пожарот во Пулс и нивните семејства молат за помош од државата, власта купува време

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе