Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот Стево Пендаровски, се на дневниот ред на денешната собраниска седница.
Но како што рече спикерот Талат Џафери на претпладневниот брифинг со новинарите на денешната седница нема да се гласа туку само ќе се утврди дневниот ред, бидејќи бил информиран од ВМРО ДПМНЕ дека вечер на Централен комитет партијата ќе разговара за ова и ќе донесе одлука. „Нема да ги ставам пред свршен чин, “ рече Џафери.
Попладнево во 15 часот продолжува собраниската седница за бројот на потпретседатели, но само за да се утврди бројот, без конкретни имиња.