Вести Македонија Топ вести

Филипче се сретна со сестрите од Инфективна, кои поднесоа барање за отказ

Министерот за здравство Венко Филипче утрово остварил средба со сестрите од Инфективна клиника, за кои синоќа на социјалните мрежи беше објавено дека поднеле барање за отказ, меѓу кои и главната сестра на клиниката.

– Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува, напиша Филипче на неговиот фб профил.

Тој посочи дека се договориле после заслужениот одмор кој го земале повторно да разговараат и да најдат начин да продолжат заедно во битката со Ковид 19 на Инфективната Клиника.

– Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници, заклучи Филипче.

Имено, синоќа на социјалните мрежи беа објавени барања за откази од страна на медицински сестри од Инфективната клиника, меѓу кои и барањето од главната сестра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе