Вести Македонија Топ вести

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ нема да ги гласаат одлуките на Пендаровски

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ имаше координација и одлучи да не ги гласаат одлуките на претседателот Стево Пендаровски, за воведување на вонредна состојба во државата на почетокот од епидемијата со корона вирусот. Сметаат дека одлуките од првата вонредна состојба не вродиле со плод, напротив се влошила ситуацијата и денеска економската состојба е уште полоша. Велат дека Владата со носењето на погрешни уредби ја злоупотребиле вонредната состојба во земјава за предизборни цели и поткуп, како и лошо справување со пандемијата со КОВИД 19.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на утринскиот брифинг рече дека нема да ги става петте точки денеска на гласање, туку само ќе се утврди дневниот ред на седницата. Рече дека ќе ја почека одлуката на партиските тела на ВМРО ДПМНЕ, поради што рече дека не сака да ги става пред свршен чин.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе