Владата вчера одлучи да ја одобри организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта, за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство. Во одлуката се препорачува продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија. Прифатена е и препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост и игротеките, со строго почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа.
Усвоен е извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25.09.2020 до 29.09.2020 година.
Вчера бил усвоен и предложениот протокол и Владата препорачала отпочнување со организација за снимање со долгометражни филмови, со почитување на мерките за спречување на ширење коронавирусот.
На седницата Владата донела одлука и времено да се суспендира флексибилното работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот.