Вести Македонија Топ вести

Владата одобри продолжен престој во училиштата, отвораат и дневните центри за лица со попреченост и игротеките

Владата вчера одлучи да ја одобри организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта, за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство. Во одлуката се препорачува продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија. Прифатена е и препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост и игротеките, со строго почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа.

Усвоен е извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25.09.2020 до 29.09.2020 година.

Вчера бил усвоен и предложениот протокол и Владата препорачала отпочнување со организација за снимање со долгометражни филмови, со почитување на мерките за спречување на ширење коронавирусот.

На седницата Владата донела одлука и времено да се суспендира флексибилното работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе