Македонија

На воени лица ќе им се забрани да бидат партиски функционери

Влезот на полковникот на АРМ, Драган Ковачки, во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ освен што донесе проветрување на лицата во раковдните структури на опозициската партија, ќе го проветри и Законот за служба во Армијата.  На вчерашната седница на Советот за безбедност за безбедносните прашања за земјава, црвено светло кај присутните било запалено со високото позиционирање на армиски полковник во партиска хиерархија.

Вакво регулирање веќе има за припадниците на полицијата, кои можат да бидат членови на партија, но не и да бидат во раководни партиски структури или да имаат јавни политички настапи. Ова би се пресликало и во Армијата, со измена на Законот за служба во армијата, за кои не е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Шекеринска која денеска ги презенитираше плановите на Министерството за одбрана и Армијата во претстојниот мандат на владата, за тоа што Македонија и по шест месеци како членка на НАТО се  уште нема постојан воен претставник во Алијансата, вели дека процедурите за одобрување на нашиот претставник од страна на НАТО се уште не се завршени. Во декември 2019 Алијансата беше информирана дека полковник Зоран Секуловски е изборот на нашата земја за оваа позиција, со очекување потврдата од НАТО за него да стигне до полноправното членство во март.

Шекеринска денеска информираше дека министерството за одбрана ќе биде дел до планираното 20% намалување на администрацијата кое го најави владата, иако рече  дека бројот на вработени во министерството веќе е намалено.

Но она нема да се намали се планирањата за модернизација на армијата, за што ќе се потрошат сите предвидени средства. Со тоа Одбарана, информираше Шекеринска, ќе има и малку пари за враќање во буџетот на држава со најавениот ребаланс. Армијата на земјава ќе се подмлади и со 200 нови припадници за што е веќе распишан конкурс.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе