Свет

Конте: Можно е воведување „црвени зони“

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави за весникот „Ла Стампа“  дека Владата не предвидува воведување нов карантин за целата национална територија, како што беше случај за време на екот на пандемијата на Ковид19, но дека е можно да се воведат „црвени зони“ каде што е потребно.

Нешто слично веќе воведоа властите на градот Џенова, каде историскиот центар воведе обврска да се носат заштитни маски во текот на целиот ден, без оглед на физичката оддалеченост.

Новата мерка на локалните власти ќе биде на сила се додека не се подобри епидемиолошката состојба.

Регистрирани се 63 нови случаи на инфекција со Ковид19 за само еден ден, во стариот дел на градот Џенова, а половина од заразените се странски државјани.

– Ја презедовме оваа мерка затоа што се покажа дека носењето заштитни маски обезбедува значителна заштита. Очекуваме соработка на сите граѓани, рече градоначалникот на Џенова, Марко Бучи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Канцеларот Мерц ја брани новата миграциска политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе