Свет

Трамп ги разгледува референците на пет жени за испразнетото место на судија на Врховниот суд

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека внимателно ги разгледува референците на пет жени за номинацијата за пополнување на испразнетата позиција во Врховниот суд на САД, по смртта на судијката Рут Бадер Гинзбург.

Тој кажа дека одлуката ќе ја донесе веројатно во петок или сабота. Трамп додаде дека верува дека сенаторите имаат доволно време да го оценат назначениот судија и да гласаат пред претседателските избори на 3 ноември. Тој рече дека тоа ќе испрати порака за солидарност и дека самиот има обврска да го стори тоа.

Демократите соопштија дека републиканците треба да го следат преседанот што го создадоа во 2016 година кога тогашниот лидер на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, одби да постапи по номинацијата на тогашниот претседател Барак Обама, велејќи дека не може да бара изјаснување за судија во изборна година. Обама тогаш го назначи Мерик Гарланд за наследник на покојната судијка Антонина Скалија.

Претседателските избори во САД ќе се оддржат за 43 дена.

Трамп рече дека гласачите ги ставаат републиканските сенатори во позиција да направат избор поради „одредена идеологија“ и дека за нив би било политички лошо да чекаат да гласаат за пополнување на местото во Врховниот суд. Судиите во Врховниот суд на САД се избираат доживотно

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе