Спорт

Вајт и Поветкин за титулата во WBC

По пауза од скоро шест месеци утре во Велика Британија ќе се одржи гала боксерска вечер во која главен меч е дуелот меѓу Дилијан Вајт и Александар Поветкин.

На денешното мерење Вајт има 117 килограми што е за пет помалку во однос на неговиот рекорд од последниот настап против Мариуш Вах во декември минатата година.

Поветкин исто така е полесен за 2 килограми во однос на последниот настап во рингот кога се соочи со Мајкл Хантер.

Мечот за титулата во тешка категорија во верзијата на Светскиот боксерски совет требаше да се одржи на втори мај, но беше одложена поради епидемијата со Ковид 19.

Дуелот меѓу Вајт и Поветкин почнува во 22 часот и ќе се одржи во Брентвуд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе