Фекалии директно се излеваат во водите на Охридското Езеро кај Канео, во близина на плажата. Граѓанин од Охрид, кој сакаше да остане анонимен ни испрати видео на кое се гледа како канализациска цевка се излева во езерото.
Инаку куќите кај Канео се пред 15 години врзани на канализација, а пред тоа имало спетички јами, но направени се грешки во изведбата.
Со зголемен број на туристи состојбата се влошува, а од снимката се гледа како и директно во езерото се влеваат фекалии, тоалетна хартија и валжни марамчиња.
Инспекцијата во Охрид не реагира.