Од ноќеска на полноќ отворени се граничните премини Јажинце и Белановце – Станчич на македонско косовската граница . Досега работеше само преминот Блаце. И на овие премини е задожително прикажување на ПЦР тест.
- Косово донесе одлука од 00 часот на 15.08 да се отворат за за сообраќај и патаници премините Јажинце и Белновце- Станниќ, потврдија од МВР за Телма.
Вчера косовската влада одлучи „да ги отвори државните граници на Република Косово со Северна Македонија, Албанија и Србија“ но не ја укинува обврската за приложување ПЦР-тест за македонските граѓани при влез во земјата, изјави за членот на косовската Влада, Халил Матоши. Оваа одлука се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19. Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесува на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши