Македонија

Отворени граничните премини Јажинце и Белановце – Станчич

Од ноќеска на полноќ отворени се граничните премини Јажинце и Белановце – Станчич на македонско косовската граница . Досега работеше само преминот Блаце. И на овие премини е задожително прикажување на ПЦР тест.

  • Косово донесе одлука од 00 часот на 15.08 да се отворат за за сообраќај и патаници премините Јажинце и Белновце- Станниќ, потврдија од МВР за Телма.

Вчера косовската влада одлучи  „да ги отвори државните граници на Република Косово со Северна Македонија, Албанија и Србија“ но не ја укинува обврската за приложување ПЦР-тест за македонските граѓани при влез во земјата, изјави за членот на косовската Влада, Халил Матоши. Оваа одлука се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19. Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесува на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе