Македонија

Нема решение за Усјанскиот канал

Со години наназад жителите на Лисиче и Усје се соочуваат со мирис на фекалии и понекогаш хемикали која ја шири Усјанскиот канал. Ваквиот проблем станува неподнослив велат тие посебно во летниот период кога не можат да ги отворат ниту прозорците на своите домови.

Во кругот на стаклара постои дали е фабрика или што и да е  за чистење на кожи што загадува многу и за чистење на подвижни тоалети во градежна оператива и тоа се испушта во овие цефки и на кружниот тек кон Сопиште дали немаат доволно канализациона цефка и таа фекалија се слива во каналот – Ленче Стојановска.

 

Овие од горе куќи и тие се врзаа тука се лиеше што да ви кажам да не се изразам. Петок да заврши одма пуштаат не се седи. И пенџерето кога ми е отворено го затворам и тоа ноќе – Благоје Неделковски.

Граѓаните велат дека многу пати реагирале со дописи до Град Скопје и Државниот инспекторат за животна средна кои се надлежни институции. Според Шилегов градот има обврска да ја контролира проточноста на Усјанскиот канал  и механичко чистење, се разбира и анализите на водите кои потоа се доставуваат до Државниот инспекторат за животна средина кој е воедно и надлежен да постапува понатаму. Градот Скопје нема надлежност да казнува во дадениот случај.

Заради таа двојност во улогата не може до крај да се инспекторира и градот не може до крај да превенира односно да казни злоупотреба на инсталацијата и канализациона меѓутоа и одводна на Усјанскиот канал. Кај нас е во тек по пријава на граѓаните испитување на целиот подземен систем на правните субјекти кои што функционираат во рамки на стакларница како и целосен преглед за да спречиме таков тип на недозволено однесување.за што секогаш благовремено го известуваме Државниот инспекторат за животна средина – Петре Шилегов, градоначалник на град Скопје.

Државниот инспекторат за животна стредина пак ја префрла топката на град Скопје и потенцира дека нивна надлежност е само цементарница Усје која поседува станица за прочистување на отпадните води и тоа се контролира во континуитет.

Ние не сме надлежен орган кој таму се испушта води отпадни од околните села населби жители и правни лица и физички лица кои се приклучени и кои ги испуштаат фекалните води во Усјанскиот канал. Не можеме ние да казнуваме прекршител кои не можеме да го утврдиме ние според нашите надлежности – Хусни Тачи, Државен инспекторат за животна средина.

Додека надлежните институции си забележуваат кој за што е надлежен граѓните и понатаму ќе живеат во страв што се вдишуваат во текот на сите изминати години.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе