Македонија Најважни

Стоилковски и Конески ќе одат на суд

Статус битката меѓу портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и екс градоначалникот на Аеродром Ивица Конески од Фејсбук ќе се префрли во суд. Но додека да започне судски процес сепак социјалната мрежа и понатаму е главен медиум на која Коневски обелодени дека  поднел тужба против Соилковски. Смета дека е наклеветен, ја поднел до граѓанскиот суд скопје 2, а изјава за медиуми за деталите не сака да даде. Напишал дека преку Стоилковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски посегнал по негова дискредитација само поради тоа што не може да се справи со критиките за губењето на изборите.

Мицковски уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори.Ј ас сум сигурен дека за многу кратко време Стоилковски јавно ќе ми се извини за искажаните лаги, а сакам да верувам и дека Мицкоски на крај ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, напиша конески.

Повторно со стаус му одговори Стоилковски. Порача да му пренесат дека тоа што е поднесена тужба не значи дека е основана туку дека ќе треба да ја докажува клеветата.

Комплексите испливуваат и во текстот на тужбата, каде во прва реченица морал сам да се испофали. А заради тој успех загуби со 4.000 гласа! Полека “Комшија”, има уште! На пример да кажеш колку ми се плеткаш низ маало? И Ивица, јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, чиј што Претседател е проф. д-р Христијан Мицкоски. П.С. “Комшија” се замислил дека е достоен Проф. Д-р. Мицкоски да се занимава со него, вели стоилковски.

Инаку портпаролот на партијата Стоилковски на Фејсбук го обвини Коневски дека има стан и деловен простор во спорната зграда кај Мајчин Дом во Аеродром и дека поради тоа три години ништо не кажал против лидерот на СДСМ. Коневски пак уште тогаш најави дека ќе го тужи.

Коневски се уште е во ВМРО ДПМНЕ и нема одговор дали се уште е советник и на Мицковски за Град Скопје, но заедно со избрканите членови јавно повикаа актуелниот лидер да си поднесе оставка. Мицковски пак на Илинден им врати дека се јаничари на власта и товар на партијата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе