Македонија

Честитка од претседателот на ДУИ Ахмети за Илинден

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, го одбележа Крушевското востание од 2 август 1903 година со објава на неговата официјална страница на Фејсбук, соопштија од ДУИ.

Востанието од 2 август и Крушевската Република, кое денес го одбележуваме, треба да се изучува многу повеќе од историчарите и да се разјасни неговиот целосен карактер, во неговото писмо и дух. Рамномерното споделување на востаничките и управувачки одговорности пред 117 години треба да послужи како модел за отстранување на хегемонистичките обременувања и примеси, кои што се повеќе заоѓаат, во врска со заедничките напори за слобода и подобар живот во заедничката земја, напиша на ФБ Ахмети.

Крушевскиот манифест од 1903 година, објави на фејсбѕк Ахмети, е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година.

Наметнатите предрасуди сè уште постојат и денес, и претставува обврска за сите нас да работиме кон нивно отстранување со презентирање и прифаќање на неискривената вистина за сите тековни и историски процеси на нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна земја, напиша Ахмети на фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема кафе за „збогум“ – „Вреди“ го посакуваат Образование, Здравство оди кај ВМРО ДПМНЕ?

Дејан Дејан

Ревизорите потврдија – зграда може, парк или дрворед многу тешко!

Дејан Дејан

Дванаесет години затвор за Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе